Основна дејност во АД „Жито Полог“ – Тетово опфаќа производство на мелнички производи. Поседува сместувачки капацитети за житни култури.
Во чекор со актуелните движења на пазарот, следејќи ги барањата и се попрефинетиот вкус на потрошувачите, АД „Жито Полог“ е исклучиво ориентирана кон финализирање на максимално квалитетни производи. Тоа се постигнува со добра техничка опременост на производните капацитети, подготвени постојано да го следат развојот на современата технологија, дополнителна едукација на професионалниот кадар како и севкупното раководење на менаџерскиот тим.
Производството и дистрибуцијата се одвиваат при имплементиран HACCP систем, согласно законските барања на РМ, кој гарантира безбеденост на нашите производи по здравјето на потрошувачите.
Создаваме коректни и професионални односи со добавувачите на потребните помошни суровини и репроматеријали, заради исполнување на барањата во однос на квалитетот на нашите производи.
На ваков начин „Жито Полог“ АД обезбеди доминантно пазарно учество во земјата, задоволство и лојалност од страна на потрошувачите.