Домашни тестенини

Тетовските тестенини со јајца се совршено решение за сите трпези, дури и кога станува збор за најпребирливите конзументи. Изразената жолта боја и специфичниот вкус, ги прават производите препознатливи и омилени долги години наназад.

Изработени се по традиционален рецепт, исклучиво од три компоненти:

  • Висококвалитетен пченичен гриз Т-400, производ на нашата Мелница
  • 15% свежи јајца
  • Вода

Овие тестенини се богати со протеини, јаглехидрати, имаат висока енергетска вредност и се лесно сварливи.

Fide so jajca
Тетовско домашно фиде со јајца

Наш рецепт:
Супа од зеленчук

Во претходно зовриена вода со малку сол, зачин и масло,се додаваат исецкани моркови и брокула.

Сето ова се вари 15 мин.
Потоа се додава фидето и се вари уште 9 мин.

Пред да се сервира супата се додава ситно сецкан магдонос.

Makaroni so jajca
Тетовски домашни макарони со јајца

Наш рецепт:
Печени макарони за 4 лица

  • 500 гр. макарони
  • 1 л. кисела вода
  • 0,5 л. млеко,
  • 0,1 л. масло за јадење
  • 300 гр.сирење
  • 2 јајца
  • сол
Jufki so jajca
Тетовски домашни јуфки со јајца

Наш рецепт:
Печени јуфки за 4 лица

  • 500 гр.јуфки
  • 1 л. кисела вода,
  • 0,5 л. млеко
  • 0,1л.масло за јадење
  • 300 гр.сирење
  • 2 јајца
  • сол

Се става во плиток сад и се пече на 250°C 1 час се додека течноста не испари.

Posni jufki
Тетовски домашни јуфки - посни

Наш рецепт:
Гарнирани тестенини за 4 лица

500 гр. посни јуфки се варат во вода со додаток на сол и зејтин.

Две главици ситно сецкан кромид се пржат до промена на боја, кон нив се додаваат 350 гр. сецкани печурки, вегета и бибер по вкус.

Гарнирот се додава на сварените посни јуфки.

За декорација се додава кечап.

Tarana so jajca
Тетовска домашна тарана со јајца

Наш рецепт:
Салата со тарана

  • 500 гр. тарана
  • 750 гр. туна
  • 300 гр. сецкани кисели краставички
  • 300 гр. сецкани шампињони
  • сок од лимон и маслиново масло

Се меша и декорира со маслинки.