Висококвалитетно брашно наменето за изработка на бурек, пити, кори со екстра квалитет. Произведено од посебно селектирана квалитетна пченица. Содржина на пепел до 0.4%, тестото е стабилно, отпорно при нараснување, растегливо при развлекување, лесно при обработка. Погодно е за сушење и изработка на многу тенки кори за бурек, пити, кори. Достапно е во пакување од 25 кг.
Наменето е за изработка на сите видови печива и колачи. Т-400 е екстра бело брашно, со фина гранулација и содржина на пепел до 0,4%. Тестото лесно се обработува, убаво нараснува, а готовите производи имаат одличен волумен, мека средина и прекрасен вкус и арома. Достапно е во пакувања од 25кг.
За производство на овој тип на брашно се користат сорти на пченица со посебни реолошки особини. Ваквата селекција на суровини обезбедува добивање на брашно богато со витамини, минерали, протеини, јаглехидрати, содржина на пепел од 0,75%. Т-850 е вистински избор при производство на пекарски производи со зголемена нутритивна вредност. Достапно е во пакување од 25 кг.
Пробајте од нашето брашно за бурек и тенки кори кое не содржи додатоци и адетиви и е произведено од селектирани и високо квалитетни сорти на пченици.
Достапно е во пакување од 1 кг.
Рецепт:
Замесете тесто од брашно, сол и вода се додека не се лепи тестото.
Потоа поделете го тестото на 4 делови и премачкајте ги убаво со зејтин. Се остава да одмори 30 минути.
Развлечете го првиот дел од тестото преку намастената површина колку што е можно повеќе, потоа оформете квадрат и тргнете го на страна.
Земете ја втората кора и повторете го процесот освен свиткување. Потоа свитканата кора ставетеја врз несвитката и ставете половина фил и завиткајте ја околу ќошовите.
Со останатите кори повторете го истиот чекор.
Направениот бурек се става во тепсија.
Се пече во претходно загреана релна на 200 степени, 40 минути.
Откако ќе се испече, превртете ја тепсијата и исечете го на парчиња.
За да го добиете најбелото и најмекото тесто за да може да го обликувате како сакате пробајтего токму овој тип на брашно Т400 екста бело кое е 100 % природно добиено од цело зрно на пченица.
Достапно е во пакување од 1 кг и 5 кг.
Домашни мекици
Ставете ги сите состојки и замесете многу меко тесто.
Оставете тестото да нарасне, а потоа со лажица измешајте го и оставете да нарасне уште еднаш.
Од нараснатото тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
Од секое топче со раце формирајте мекица и пржете во поголема количина загреано масло.
Домаќинки ова е ваше брашно добиено по природен пат како во минатото, за да се потсетите на вкусот на вашите баби и мајки месите со нашето домаќинско бело брашно.
Достапно е во пакување од 1 кг и 5 кг.
Брзи кифлички со сусам
Се меси тесто од сите состојки откако прво квасецот ќе се активира со топлото млеко.
Се развлекува тестото и се сечат триаголници,па се виткаат кифлички.
Се премачкуваат со јајца се става сусам и се печат 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
За да добиете најдобро и највкусно тесто за пица направете го со нашето специјално брашно за пица кое не содржи додатоци и е 100% природно.
Достапно е во пакување од 1 кг.
Пица за 10 минути
Од сите состојки замесете тесто.
Тестото веднаш расукајте го на набрашнета површина, па ставете во плех за печење.
Филувајте по сопствен избор.
Печете во загреана релна на 220 степени 10-тина минути.