Мелнички производи

Брендот на пченични брашна на "Жито Полог" АД е лидер на македонскиот пазар.
Мелничките производи се добиени од 100% посебни сорти на пченица со соодветен квалитет. Сите брашна имаат фина гранулација, природна белина која се постигнува без додавање на адитиви и средства за обелување.

 

Тетовско Наменско брашно
Висококвалитетно брашно наменето за изработка на бурек, пити, кори со екстра квалитет. Произведено од посебно селектирана квалитетна пченица. Содржина на пепел до 0.4%, тестото е стабилно, отпорно при нараснување, растегливо при развлекување, лесно при обработка. Погодно е за сушење и изработка на многу тенки кори за бурек, пити, кори. Достапно е во пакување од 25 кг.

Copy-of-namensko-m

tetovsko-tip-400-m



Брашно Т-400

Наменето е за изработка на сите видови печива и колачи.Т-400 е екстра бело брашно, со фина гранулација и содржина на пепел до 0,4%. Тестото лесно се обработува, убаво нараснува, а готовите производи имаат одличен волумен, мека средина и прекрасен вкус и арома. 
Достапно е во пакувања од 1кг, 2кг, 5кг, 25кг.




Брашно Т-500
Произведено е по посебна технолошка постапка со содржина на пепел до 0,5%. Производите имаат мека средина, крцкава кора, одличен волумен и посебен вкус и арома. Идеално е за употреба во пекарството и слаткарството, за производство на леб, погачи, пекарски производи по рецептура, специјални лебови, слатки и др. Достапно е во пакување од 25 кг.

tetovsko-tip-500-m

pelagonisko_tip_400-m





Пелагониско брашно Т-400
Овој тип на брашно е подобно за изработка на кифлички, крофни, колачи, ролати, кроасани, чајни пецива, милиброд и др. Содржината на пепел изнесува max 0,45%. Достапно е во пакување од 1 кг, 25 кг.





Пелагониско брашно Т-500
Идеална суровина за изработка на стандардните и специјалните пекарски производи во индустриски услови. Содржината на пепел изнесува max 0,55%. Достапно е во пакување од 25 кг.


pelagonisko_tip_500-m

tetovsko-tip-850-m 




Брашно Т-850
За производство на овој тип на брашно се користат сорти на пченица со посебни реолошки особини. Ваквата селекција на суровини обезбедува добивање на брашно богато со витамини, минерали, протеини, јаглехидрати, содржина на пепел од 0,75%. Т-850 е вистински избор при производство на пекарски производи со зголемена нутритивна вредност.
Достапно е во пакување од 25 кг.


Интегрално брашно
Се добива со мелење на 100% пченично зрно без никакви додатоци за обојување. Интегралното брашно има висока биолошка и нутритивна вредност бидејќи е богато со витамини, протеини, ензими, природна целуоза. Се употребува самостојно или во комбинација со други типови на брашно. Достапно е во пакување од 25 кг.




brasno-25-kg-2