Вклучување на нови точки во дневен ред

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки, ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Барањето за дополнување на дневниот ред со нови точки со прилог образложение или предлог одлука по предложената точка се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација и тоа: 1. За акционер физичко лице се приложува:<
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена
  • Копија од лична карта или пасош

2. За акционер правно лице се приложува:

  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена
  • Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од три дена
  • Копија од лична карта или пасош на законскиот за стапник на акционерот.

Барањето заедно со документите за идентификација акционерите треба да го испратат до Одборот на директори на Жито Полог АД – Тетово во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на Собрание на Друштвото.

Барањето се доставува на следната адреса:

Жито Полог АД – Тетово

Ул. Маршал Тито бр.134

1200 Тетово

Одбор на директори

Со назнака „за Собрание“