Врзоснованачлен 384 став 1 ичлен 387 од Законот за трговски друштва и член 65 и 68 од Статутот - Пречистен текст на Жито ПологАДТетово, Одборот на директори на Друштвото до Акционерите објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

НА ЖИТО ПОЛОГ АД - ТЕТОВО

 

СобраниетонаАкционеринаЖитоПологАДТетово ќе се одржи на ден 22.06.2021 година (вторник ) со почеток во 12,00 часот во седиштето на Друштвото ул.Маршал Тито бр.134 - Тетово.

За работа на седницатана Собранието се предлага следниот,

ДНЕВЕН     РЕД

 

  1. I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

         1.   Отворање на Собранието.

        2.   Kонстатирање на кворум за работа на Собранието.

           3. Избор на Претседавач на Собранието.

           4. Избор на бројач на гласови.

           5. Избор на записничар и двајца заверувачи на записник.

  1. II.РАБОТЕН ДЕЛ

1.Разгледување и усвојување на годишен извештај за работењето на Друштвото за деловната 2020 година;

-Предлог одлука за усвојување

2.Разгледување и усвојување Годишна сметка и финансиски извештај на Друштвото за деловната 2020 година

-Предлогодлуказаусвојување

3.Извештај за извршена ревизија на Годишната сметкафинансискиот извештај и Годишниот извештај на Друштвото за деловната 2020 година;

                -Предлогодлука за усвојување

4. Донесување на Одлука за префрлање на средства од Фонд за други потреби за заедничка потрошувачка и средства за ОНО во средства за останати резерви на Друштвото.

-Предлогодлуказаусвојување

5.Донесување на Одлука за распределба на добивката   по Годишната сметка на Друштвото за 2020 година.

-Предлогодлуказаусвојување

6.Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за период 01.01.2020 до 31.12.2020 година

-Предлог – одлука за усвојување

7.Извештај за работата на Одборот на директори во период од 01.01 до 31.12.2020 година и одлучување за одобрување на работата и водењето на работењето со друштвото на членовите на одборот на директори;

-Предлогодлука за усвојување

8.. Донесување на Одлука за именување на Ревизорска куќа завршење на ревизија на Годишната сметка на Жито Полог АД за 2021 година.

- Предлогодлука за усвојување

9. Донесување на одлука за продажба на сопствени акции

- Предлог – одлука за усвојување

Се повикуваат сите акционери на Жито ПологАДТетово, односно нивните полномошници или застапници да присуствуваат и учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Право на глас на Собранието имаат акционери кои поседуваат акции со право на глас запишани во Акционерската книга на Жито Полог АДТетово што се води во ЦДХВ, односно нивните полномошници или застапници.

Секој акционер кој има намера да учествува на свикано Собрание должен е да гопријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на закажаната седница на Собранието.

Акционерите можат да овластат полномошник на седница на Собрание на Друштвото со давање на полномошно во писмена форма без обврска да го заверат полномошното кај нотар. Акционерот треба веднаш да го извести Друштвото за секое полномошно дадено во писмена форма. Известувањето треба да биде во писмена форма на адреса на седиштето на Друштвото, ул.Маршал Тито бр.134 Тетово. Во прилог на известувањето се испраќа и копија од даденото полномошно, а оригиналот од полномошното полномошникот е должен да го носи на седницата на Собранието. Акционер кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Обрасците за давање на полномошно во писмена форма секој акционер може да ги преземе од официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

Согласно Законот за трговски друштва акционерите кои по единечно или заеднички поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања во рокод 8(осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневен весник, а подетални информации за начинот на предлагање точки на дневен ред, поставување прашања и предлагање одлуки од страна на акционерите може да се најдат на официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред согласно Статутот на Друштвотои Законот за трговски друштва.

Материјалите од дневниот ред што се подготвени за Собранието им седостапни на акционерите, односно нивните застапници или полномошници секој работен ден од денот на објавувањето на јавниот повик во просториите на Друштвото на ул. Маршал Тито бр.134 во Тетово и на официјалната интернет страница на Друштвотоwww.zitopolog.com.mk

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ