Новости

Врз основа на член 460-г од Законот за трговски друштва, Жито Полог Ад Тетово го дава следното

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Ве известуваме дека зделката со заинтересирана страна која Собранието на акционери на Жито Полог Ад Тетово ја одобри на својата седница на ден 27.01.2016 година на која донесе Одлуката за одобрување на зделка со заинтересирана страна бр.02-17/3 помеѓу Жито Полог Ад Тетово како купувач и Зк Пелагонија АД Битола како продавач е целосно реализирана и е објавена на веб страната на Македонската берза и на официјалната веб страна на Друштвото.

ЖИТО ПОЛОГ АД

Нова продавница во Тетово

dukjan2b

Почитувани сограѓани,

Задоволство ни е да Ве известиме дека продавницата на Жито Полог АД, на ул. Благоја Тоска бр. 59, повторно започна со работа. Освен нашиот препознатлив асортиман, брашно, тестенини и пекарски производи, во новата продавница ќе можете да ги најдете и производите од млекарата Здравје Радово, како и производите од Пелистерка. Нашата понуда е збогатена и со тазе печени пекарски производи, кои ќе бидат подготвени во самата продавница! Повелете, Ве очекуваме ...

Секогаш со Вас,
Тимот на Жито Полог АД
06.11.2015

Нова продавница во Скопје

dukjan1

Почитувани граѓани,

Компанијата Жито Полог АД отвори продажно место за свежо печени пекарски производи во Скопје, во состав на маркетот Ангромаркети, на улица Илинденска (позади Технолошко-Металуршки факултет). Со тоа започна реализацијата на проектот за развој на малопродажната мрежа од продавници каде што ќе се продаваат свежо печени производи изработени во мини работилниците кои функционираат во склоп на самото продажно место.

Секогаш со Вас,
Тимот на Жито Полог АД
03.09.2015

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

ЖИТО ПОЛОГ АД – Тетово ги известува своите акционери дека согласно одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка на Жито Полог АД Тетово за 2010 година бр.02-1106/3 од 06.05.2011 година ќе врши исплата на дивиденда за 2010 година.

Право на исплата на дивиденда имаат сите акционери на Жито Полог АД – Тетово кои се евидентирани во книгата на акции на ден 06.06.2011 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2010 година, да достават фотокопии од своите трансакциски сметки и жиро сметки и документ за идентификација на адреса на Друштвото и тоа:

ЖИТО ПОЛОГ АД – ТЕТОВО

Ул. Маршал Тито бр.134

1200 Тетово

Со назнака за “финансиски сектор”

ЖИТО ПОЛОГ АД

       ТЕТОВО

  •         Проектот на имплементација на стандардот за безбедност на храна ISO 22000 и стандардот за животна средина ISO 14000 во „Жито Полог“ АД, во траење од 10 месеци, успешно заврши во планираниот рок, односно на 28.05.2011.
  •         Сертификациската проверка од страна на SGS, Швајцарија, позитивно го оцени имплементираниот Интегриран менаџмент систем, што значи

„Жито Полог“ АД


е сертифициран според барањата на

ISO 22000 : 2005

ISO 14001 : 2004