Нова продавница во Тетово

dukjan2b

Почитувани сограѓани,

Задоволство ни е да Ве известиме дека продавницата на Жито Полог АД, на ул. Благоја Тоска бр. 59, повторно започна со работа. Освен нашиот препознатлив асортиман, брашно, тестенини и пекарски производи, во новата продавница ќе можете да ги најдете и производите од млекарата Здравје Радово, како и производите од Пелистерка. Нашата понуда е збогатена и со тазе печени пекарски производи, кои ќе бидат подготвени во самата продавница! Повелете, Ве очекуваме ...

Секогаш со Вас,
Тимот на Жито Полог АД
06.11.2015