Нова продавница во Скопје

dukjan1

Почитувани граѓани,

Компанијата Жито Полог АД отвори продажно место за свежо печени пекарски производи во Скопје, во состав на маркетот Ангромаркети, на улица Илинденска (позади Технолошко-Металуршки факултет). Со тоа започна реализацијата на проектот за развој на малопродажната мрежа од продавници каде што ќе се продаваат свежо печени производи изработени во мини работилниците кои функционираат во склоп на самото продажно место.

Секогаш со Вас,
Тимот на Жито Полог АД
03.09.2015