Поставување на прашања на акционерите


         Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото.

         Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да биде претходно условено од потребата да се потврди личниот идентитет на акционерите кои поставиле прашања како и одржувањето на редот во заседавањето и работата на собранието.

Друштвото одговара на поставените прашања доколку тоа не е во спротивност со доверливоста во работењето, принципите на друштвото и деловната тајна како и деловните интереси на друштвото.

         Друштвото може да одговара директно на акционерите или да ги објавува одговорите на поставените прашања на својата интернет страница во формат прашање и одговор.

         На прашањата со иста содржина Друштвото може да даде еден збирен одговор.

Прашањето се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

         Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да достави и соодветни документи за идентификација и тоа:

 

         1. За акционер физичко лице се приложува:

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена

- Копија од лична карта или пасош

 

         2. За акционер правно лице се приложува:

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена

- Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од три дена

- Копија од лична карта или пасош на законскиот за стапник на акционерот.

 

         Прашањето заедно со документите за идентификација акционерите треба да ги испратат до Одборот на директори на Жито Полог АД – Тетово во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на Собрание на Друштвото.

Оваа постапка се однесува на акционерите кои ќе постават прашања по писмен пат.

 

         Прашањето се доставува на следната адреса:

         Жито Полог АД – Тетово

         Ул.Маршал Тито бр.134

         1200 Тетово

         Одбор на директори

         Со назнака” за Собрание “