Предлагање на нови одлуки


Акционери кои поединечно или заедно поседуваат 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право по писмен пат да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на седницата на Собранието.

Предлогот се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

Заедно со предлогот акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација и тоа:

1.  За акционер физичко лице се приложува:

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена

- Копија од лична карта или пасош

2.  За акционер правно лице се приложува:

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во оригинал, не постар од три дена

- Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од три дена

- Копија од лична карта или пасош на законскиот за стапник на акционерот.

Предлогот заедно со документите за идентификација акционерите треба да го испратат до Одборот на директори на Жито Полог АД – Тетово во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на Собрание на Друштвото.

Прелогот се доставува на следната адреса:

Жито Полог АД – Тетово

Ул.Маршал Тито бр.134

1200 Тетово

Одбор на директори

Со назнака” за Собрание “