Конзумни јајца

Живинарската фарма на АД Жито Полог е сместена на 20 км од градот Тетово, во еколошки чисто и незагадено подрачје во атарот на живописното с. Стенче во Полошката котлина. Употребата на храна со високо стандардизиран квалитет и на чиста шарпланинска вода за исхрана на несилките, се одразува на продукција на конзумни јајца со исклучителен квалитет.
Ветеринарниот институт – Скопје врши редовна контрола на храната за исхрана на несилките, на кондиционата состојба на несилките и на квалитетот на конзумните јајца.

Овие производи се достапни во пакувања по 6, 10 и 15 парчиња.

 

jajca-komplet

 

zivinarska-farma