Пекарски производи

Отсекогаш лебот претставувал повеќе отколку само храна, претставувал симбол на сигурност, благосостојба, живот....Во нашата Пекара се негува традицијата на лебот.
Основната суровина која се користи за производство претставува специјален прозвод на Мелницата. Овој тип на брашно има посебни и стандардни перформанси кои овозможуваат производство на квалитетни пекарски производи.
Пекарскиот производен програм опфаќа широк спектар на препознатливи производи со врвен квалитет и одличен вкус.

 

Леб ролован Т-500

Бел леб произведен од фино бело пченично брашно со висок квалитет. Има румена крцкава кора и свежа и мека средина, со пријатен мирис и вкус. Се конзумира со сите видови јадења, а особено е незаменлив во комбинација со македонските специјалитети.

Интегрален леб

Идеален избор за љубителите на вкусен, а диетален леб! Изработен од пченично брашно Т-500 со значителен додаток на мелени лушпи од пченично зрно, со што е зголемена содржината на природни витамини, минерали и природна целулоза. Не содржи додатоци за обојување!

Леб диетален

Изработен од темно пченично брашно и р'жано брашно со додаток на мелени лушпи од пченично зрно, поради што може да биде и составен дел на многу диети. Не содржи додатоци на обојување.

Симид погача, Домашна погача, Екстра погача

Многу вкусни погачи направени од бело пченично брашно и декорирани со сусам. Идеални за вашите богати трпези.

Леб од соја

Се изработува од темно пченично брашно, соино брашно и фино сомелени обвивки од пченично зрно. Погоден за диети за регулирање на холестеролот во крвта. Има трајност до пет дена. Не содржи конзерванси!

Леб под саач

Рачно подготвен, подсетува на домашен леб испечен под саач. Има мека, а набиена средина која е многу вкусна, со долготрајна свежина, поради што е идеален избор за деновите од викендот. Незаменлив во комбинација со традиционалите македонски јадења.

Пченкарен леб

Вкусен е и хранлив, изработен е од мешавина на пченкарно и пченично брашно. Покрај пријатниот вкус има и хранлива вредност поради што пченкарното брашно е богато со јаглехидрати, белковини, шеќери и минерали.

'Ржан мешан леб

Направен е од 'ржано и пченично брашно, со додаток на фино сомелени обвивки од пченично зрно. Поради ваквиот состав има намалена содржина на јаглехидрати и е наменет за диети, а особено е погоден за дијабетичари.

Грахам леб

Диетален производ кој се изработува од темно пченично брашно и издробени пченични зрна приготвен по посебна технолошка постапка. Содржи зголемен процент на витамини, минерали и целуоза, со што ја регулира работата на органите за варење.

Бел леб во калапи

Изработен од бело пченично брашно, има мека и вкусна средина и е идеален избор за љубителите на вкусот на белиот леб.

Француски леб

Има мека и вкусна средина и светло румена и крцкава кора, а е изработен во форма на француски багет. Од него можат да се направат многу вкусни сендвичи за разни свечени пригоди.

Печива

Дел од пекарскиот асортиман на Жито Полог АД се разновидните бели печива, со солен и сладок вкус, изработени од висококвалитетно пченично брашно.

Домашно колпите

Куриозитет на Пекарата во Жито Полог АД е домашното колпите, изработено од Наменско брашно, по традиционален домашен рецепт.

pekarski1 pekarski2
pekarski3